сабота, 27 јули 2024

Хамас ги објави условите за ослободување на заложниците. Објави и видео од притворена Израелка (ВИДЕО)

Хамас го објави првото видео од заложниците што ги зеде. На видеото се гледа млада жена за која Хамас тврди дека е заложничка во Газа, јавуваат израелските медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

Лицето е идентификувано како 21-годишна девојка која беше киднапирана од музичкиот фестивал Супернова на 7 октомври. „Ве молам извлечете ме одовде што е можно поскоро“, вели девојката во видеото.

Хамас ги објави и условите за ослободување на повеќе од стотина заложници што ги зедоа. Бараат ослободување на 6.000 мажи и жени затворени во израелските затвори. Калед Мешал, шеф на Хамасовата канцеларија за дијаспора го поднесе ова барање. Меѓу заробениците на групата, рече тој, се и високи офицери на Израелските одбранбени сили (ИДФ).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ