петок, 25 октомври 2024

Хамас до посредниците: Наметнете му го на окупаторот она на што се договоривме, нема да преговараме

Палестинската милитантна група Хамас побара од посредниците да претстават план заснован на претходните разговори наместо да се започнуваат нови преговори за договорот за прекин на огнот во Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Минатата недела, лидерите на САД, Египет и Катар ги повикаа Израел и Хамас на преговори на 15 август во Каиро или Доха за да се договорат за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците.

Израелските власти соопштија дека ќе испратат преговарачи на состанокот. Хамас првично рече дека сè уште ја разгледува поканата, но сега навестува дека може да остане надвор од нова рунда преговори.

„Нашето движење ги повикува посредниците да презентираат план за спроведување на она за што Хамас се согласи на 2 јули 2024 година, врз основа на визијата на Бајден и резолуцијата на Советот за безбедност на ОН“, се вели во соопштението на Хамас.

„Посредниците треба да му го наметнат тоа на окупаторот (Израел) наместо да водат натамошни рунди преговори или нови предлози кои ќе обезбедат покритие за агресијата на окупаторот и ќе му дадат повеќе време да го продолжи геноцидот врз нашиот народ“, се вели во соопштението.

Израел го започна својот напад врз Газа откако борците на Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел на 7 октомври, убивајќи 1.200 луѓе, главно цивили, и земајќи повеќе од 250 заложници, според израелските податоци.

Оттогаш, речиси 40.000 Палестинци се убиени во израелската офанзива во Газа, според Министерството за здравство на Појасот Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ