Во рамките на проектот банката се осврнува на богатото културно наследство на Македонија.
„Црпејќи од овој непресушен извор, преку традицијата, културата и уметноста, создадовме корпоративен брендинг со мотиви од народни носии од различни краишта на земјава, од ретки археолошки предмети стари со милениуми, од „Тешкото“, од црквите и џамиите кои се прогласени за споменици на културата. Една од главните инспирации се и делата на доајените на македонската ликовна уметност, Никола Мартиноски, Борко Лазески, Јордан Грабулоски-Грабул, Димитар Кондовски. Преку нашите „Трајни култури вредности“ сакаме да потсетиме и да придонесеме во промоцијата на нашето културно наследство. Македонската култура и традиција се непресушен извор на инспирација. Тие се дел од нашето секојдневие. Ги искористивме за да создадеме современи визуелни решенија и преку нив да потсетиме какви богатства создавал нашиот народ. А, овој ден е идеален за нивното споделување“, вели Маја Наумовска-Савеска.