сабота, 27 јули 2024

Хали пак скока во тавче?

Објавено на

часот

Сподели

Дали Хали Бери и Оливие Мартинез се свршени? Пред неколку недели, кога таа беше фотографирана со голем смарагден прстен на домалиот прст, шпекулациите се разгореа. А сега Пипл вели дека е вистина – зашто едно врапче од златарницата „Гуран“ рече дека Оливие навистина ѝ дал свршенички прстен со дијамант и смарагд.

Значи, тој ѝ купил прстен и таа го носи. Но дали тоа е потврда дека двојката, која е заедно од крајот на 2010 откако се сретнаа на снимањето на „Црна плима“, всушност ќе рипне во тавче? Можеби ова е ветувачки прстен или нешто слично. На крајот на краиштата, Хали во 2007 во Инстајл објави: „Никогаш, никогаш повеќе нема да се омажам. Всушност, сега мислам дека двајца луѓе може да го споделуваат животот без никаков прстен, без парчето хартија.“

Значи да, тоа е прстен, но не мора да значи дека ќе има и парче хартија. По пропаднатите бракови со Дејвид Џастис и Ерик Бенет, би била разбирлива одбивноста на Бери (45) кон институцијата брак. Но можеби таа би сакала 4-годишната Нала (чиј татко е Гебриел Обри) да порасне со очув? 46-годишниот Оливие, за кого ние секогаш ќе мислиме како за типот што привремено му ја ќари Дајана Лејн на Ричард Гир во филмот Неверна, никогаш не бил женет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ