недела, 20 октомври 2024

Халанд со хет-трик го урна Челси, Ливерпул убедлив против Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 4-2 го победи Челси, три од погодоците беа дело на Ерлинг Халанд, Ливерпул со 3-0 го победи Манчестер јунајтед.

Објавено на

часот

Сподели

Две големи премиерлигашки дерби натпревари се играа на подготвителната турнеја во САД.

Манчестер Сити со 4-2 го победи Челси, ѕвезда на вечерта беше Ерлинг Халанд кој постигна три голови.

Уште во првата минута Манчестер Сити доби пенал, кој беше и преновен, сигурен реализатор беше Халанд за водство од 1-0.

Веќе во следниот напад одбраната на Челси направи кардинална грешка и му подари гол на Халанд за 2-0. Тоа беше резултатот од првото полувреме.

По десет минути игра во вториот дел Боб постигна гол за предност на Манчестер Сити и од 3-0.

Веќе во следната минута беше 4-0, Ерлинг Халанд комплетираше хет-трик.

Челси конечно постигна гол во 59. минута, по асистенција од Мадуеке, Стерлинг ја закова топката во мрежата на неговиот поранешен клуб.

Конечните 4-2 ги постави самиот Мадуеке во 89. минута од натпреварот.

Ливерпул со 3-0 го совлада Манчестер јунајтед во пријателски натпревар одигран во САД.

Црвените од Енфилд поведоа уште во 10. минута со гол на Карваљо.

На 2-0 зголеми Џонс по асистенција на Салах во 36. минута од натпреварот.

По 15 минути игра во вториот дел, Цимикас постигна гол за конечни 3-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ