сабота, 19 октомври 2024
Норвежанецот игра во страшна голгетерска форма

Халанд постигна нов хет-трик, Гвардиола брутално порача: Не може да се запре ниту со пиштол!

Ерлинг Халанд синоќа со три погодока го предводеше Манчестер Сити до триумф од 1-3 против Вест Хем, напаѓачот на два натпревари по ред постигнува хет-трик.

Објавено на

часот

Сподели

„Граѓаните“ го задржаа перфектниот старт во сезоната, синоќа победија на незгодното гостување во Лондон кај Вест Хем.

Играч на натпреварот беше Ерлинг Халанд, кој со три погодока го предводеше Манчестер Сити до три бода.

Норвежанецот сега има 8 хет-трика во Премиерлигата, исто колку легендите Тјери Анри и Мајкл Овен, но до ова постигнува стигна со само 69 натпревари, додека на Тјери Анри му требаа 258 натпревари, а на Мајкл Овен 326 натпревари.

Хари Кејн исто така има 8 хет-трика во Премиерлигата, но и на поранешниот напаѓач на Тотнем му требаше многу повеќе време, односно 320 натпревари.

На листата со најмногу хет-трикови, пред Ерлинг Халанд се само тројца, Роби Фаулер (9), Алан Ширер (11) и Серхио Агуеро (12), но ако Норвежанецот продолжи во ваков ритам, само прашање на време е кога ќе ги стигне.

По крајот на натпреварот против Вест Хем, Пеп Гвардиола брутално порача: „Халанд е незапирлив, нема дефанзивец кој ќе го запре, не му помага ниту пиштол!. Невозможно е, тој е толку брз, толку моќен“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ