сабота, 27 јули 2024
Премиерлига

Халанд постави нов рекорд во Премиерлигата, Манчестер Сити се врати на врвот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Ерлинг Халанд стана најдобриот стрелец во една сезона од Премиерлигата откако вечерва го даде 35. гол оваа сезона и ги помина Алан Ширер и Енди Кол.

Кога Ширер и Кол постигнаа по 34 голови, тогаш Премиерлигата имаше 42 кола, а тоа го прави рекордот на Халанд уште поголем.

Манчестер Сити во второто полувреме го скрши отпорот на Вест Хем кој одолеваше на нападите се до 50. минута кога Аке постигна погодок.

Голот на Халанд се случи во 70. минута, а 15 минути подоцна Фоден ги постави конечните 3-0.

Ливерпул со гол на Салах од пенал во 39. минута го победи Фулам со 1-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ