сабота, 27 јули 2024

Халанд му даде три гола на Косово (ВИДЕО)

Норвешка со 3-0 го победи Косово во пријателски натпревар, а сите три погодоци беа дело на ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд.

Објавено на

часот

Сподели

Резултатот беше отворен по 15 минути игра кога Халанд го постигна првиот гол. Овој резултат беше актуелен се до 70. минута кога напаѓачот погоди за 2-0.

Хет-трикот Халанд го комплетираше во 75. минута од натпреварот.

Интересно беше на скандинавското дерби меѓу Данска и Шведска каде Данците победија со гол на Ериксен во 86минута. Резултатот беше 2-1.

Данска поведе уште во втората минута со гол на Хојбрјерг, а Исак во деветата минута изедначи на 1-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ