петок, 3 јануари 2025
Eдно правило на ФИФА го одреди најдобриот фудбалер во годината

Халанд беше фаворит но Меси ја „украде“ наградата „Д Бест“

На големо изненадување, Лео Меси е прогласен за фудбалер на годината во изборот на ФИФА, Аргентинецот стигна до наградата „Д Бест“ пред Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

Објавено на

часот

Сподели

На чудна церемонија во Лондон, каде ниту еден од тројцата финалисти не се појавија, Лео Меси на големо изненадување стигна до наградата „Де Бест“.

Ерлинг Халанд беше прв фаворит со оглед на тоа дека Светското првенство во Катар не беше земено во предвид при изборот, но напаѓачот на Манчестер Сити на крајот имаше ист број на бодови како и Аргентинецот (48).

Лео Меси беше прогласен за фудбалер на годината поради едно правило на ФИФА, кое вели дека во случај на ист број на бодови, победник е оној кој најмногу бил одбран како прв избор на капитените на репрезентациите.

Аргентинецот беше прв избор на капитените во 13 случаи, додека пак Ерлинг Халанд беше прв избор на капитените 11 пати, па наградата му припадна на Лео Меси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ