петок, 24 јануари 2025

Хајрулахи: СЈО сѐ уште постои, неговите поранешни обвинители се рак раната на Обвинителството

Специјално јавно обвинителство (СЈО) сѐ уште постои преточено во Републичкото обвинителство и во Основното и Вишото јавно обвинителство Скопје. Десетина луѓе, главно обвинители од поранешното СЈО, кои го контролираат државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, ги влечат конците во правосудниот систем во Македонија, тврди суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи во поткаст на Плусинфо. Во интервјуто тој ги споменува обвинителите Љупчо Коцевски, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова, Љубомир Јовевски, Ленче Ристоска, Трајче Пеливанов и други за кои тврди дека вршат притисоци и ги контролираат предметите поврзани со корупцијата на претходната власт. Целта, вели Хајрулаи е „да си ја спасат кожата во случајот за Бонусите на СЈО“.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Одговорно тврдам дека огромното мнозинство обвинители, 99 отсо, чесно и одговорно си ја вршат на работата. Но, една група моќници, која е инсталација на поранешната власт, врши притисок врз сите обвинители, посебно за предметите од интерес на поранешната власт. Таа структура е мафија во јавнообвинителскиот систем“, тврди Хајрулахи.

Според него таа група моќници, главно поранешни обвинители во СЈО, го контролираат државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски како што тоа го правеле со неговиот претходник ,Љубомир Јовески.

„Жалам што веројатно ние сме еднинствена земја на светот во која понискиот го контролира повисокиот обвинител“, вели Хајрулахи.

Хајрулахи тврди дека вонредниот надзор над неговата работа, а подоцна и неговата суспензија е исклучиво за да му извршат притисок поради случајот „Бонуси за СЈО“.

Тој вели дека начинот на кој дејствуваат тие десетина обвинители дава за право да помислиш дека се дел од некоја мафијашка организација, дека не се дел од јавно-обвинителскиот систем во Македонија.

„Отсекогаш сум тврдел дека тие се лошото ткиво во Јавното обвинителство. Ако тие десет луѓе се тргнат тогаш Јавното обвинителство ќе функционира како што треба. Тие се рак рана на обвинителството. Тие се така организирани за да си ја спасат својата кожа. Затоа што самиот предмет ‘Бонусите за СЈО’ за нив значи враќање на огромни средства во Буџетот. Тие тоа нема да го направат. Тие, тие пари за жива глава нема да ги вратат. Ќе се служат со секакви методи, со ѓаволот и пакт ќе направат, но парите нема да ги вратат. Додека Републички обвинител беше Јовески истите овие луѓе го контролираа и него. СЈО сѐ уште постои преточено во Републичкото обвинителство и во основното и вишото јавно обвинителство Скопје. Тие десет луѓе се алфа и омега во правосудството“, вели Хајрулахи.

Прашан како да се направат реформи, а при тоа да не се сменат обвинителите или членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, Хајрулахи вели дека со сегашните носители на највисоките функции во Јавното обвинителство власта брзо ќе се увери какви резултати ќе има.

„Со вакви сопки, со вакви игри кои ги играат и денеска, а сѐ со цел да се штитат моќниците од претходната власт ќе видиме какви резултати ќе имаме во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Но, нема да има. Сите знаеме од кого е поставен републичкиот обвинител Коцевски. Ние не можеме да се правиме дека не знаеме дека него го избра претходната власт и тој со целото свое битие за да им се оддолжи нив, а и октроиран од поранешното СЈО, што тогаш да очекуваме ние“, прашува Хајрулахи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ