четврток, 6 март 2025

Хајрулахи поднесе кривична пријава против државниот обвинител Коцевски и уште тројца други

Суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи поднесе  кривична пријава против државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, Татјана Кацарова, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Штип, Ристо Бојаџиски, шеф на Вишото јавно обвинител и Ермон Незири, член во Совет на јавни обвинители за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Објавено на

часот

Сподели

Сите четворица пријавени постапиле спротивно на законот, вели во телефонски разговор за МКД.мк, Хајрулахи.

„Иако знаеле и морале да знаат дека при истрага за осомничениот или за сторителот на делото се применува поблагиот закон тие не ја примениле оваа законска обврска. Оваа особено ваши за обвинителката Татјана Кацарова која била должна за ова да го извести вишиот обвинител Ристо Бојаџиски таа не го направила тоа“, вели Хајрулахи.

Вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски се најдоа на удар на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поради тоа што одбиле да го затворат предметот „Бонусите на СЈО“. Тие инсистираат и натаму да се истражува поделбата на милионски бонуси во поранешното СЈО. Поради ова во ОЈО Штип се води истрага против Хајрулахи кој се сомничи дека вршел мобинг врз вработените со што воедно ја злоупотребил службената положба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ