Пренесуваме дел од неговите постови:
„Заев беше тој што, за да дојде и да и остане на власт, се сложи да се забрани објавувањето на снимките за кривичните дела врзани и што произлегуваат од нелегалните прислушувања“.
„Тој што ја криеше корупцијата на Мерко и другите, сега седи во Струмица.“
„Пред правосудството генерален ремонт потребен е за Владата и премиерот“.
„ДУИ беше единствена партија која, не многу одамна, се осмели да спроведе внатрепартиски ветинг. Стејт Департментот, изгледа, со ова не е запознат.“
„Мерко сега може да стане заменик на Али, како што Теута стана, откако САД не ја примија за амбасадорка“.
„Ковачевски револтиран од судството: Како е можно САД на илјадници километри да имаат информации што ние ги немаме за Мерко. Дури и за Теута, САД, илјадници километри оддалечени, имаа информации што ги немаме и не ја прифативме за македонски амбасадор.
Ковачевски има информации за најголемиот корупциски скандал со Телеком, но молчи“.
„Рамиз Мерко доби забрана за влез во САД. За Мерко битно е да не добие забрана за влез во Мала Речица“.