сабота, 27 јули 2024
Поранешниот министер за финансии со изјава

Хајредини: Јас го потпишав договорот за Коридорот 8 и не правев спектакли од тоа, туку се изгради автопат

Објавено на

часот

Сподели

Џевдет Хајредини, кој беше министер до 1994 година, во разговор за Лајм вели дека во неговиот мандат се договори и изгради автопатот Скопје-Тетово-Гостивар како голем инфраструктурен зафат и дел од Коридорот 8, во тогаш младата независна држава.

Тој ја криктикува помпезноста со која беше најавуван и поставен камен темелникот за овој сегашен проект од Тетово до Ќафасан, го критикува и начинот на кој се фалат министрите од ДУИ и од СДСМ, како и премиерот. Хајредини не верува дека работите за изградба на овој патен сегмент ќе завршат навреме.

„Па нели СДСМ и ДУИ не можат 6 години да изградат ни 2 километри од автопатот од Скопје до Блаце“, нагласува Хајредини.

Тој ги потсетува граѓаните на годините кога се договори изградбата на автопатот од Скопје до Гостивар.

„Го потпишав договорот со Светска банка, но ниту тогаш ниту денес не ми падна на памет да кажам дека имам заслуга за тоа. Така, во времето кога јас бев министер за финансии се изгради автопатот Скопје-Тетово-Гостивар. Во Вашингтон ги потпишав договорите за кредитни линии за изградба на автопатишта. Замислете, колку би било тешко да се издржат оние кои денеска играат фудбал по канцеларии да имаа такви активности“, рече Хајредини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ