четврток, 26 декември 2024

Хајнер Бренд: Може да се вратиме во игра!

Објавено на

часот

Сподели

Брeнд во 2007 година ја водеше Германија до светското злато, последниот медал на оваа селекција на ракометните шампионати, а беше на кормилото и во Хрватска на СП 2009, кога Германија не победи со судиска помош, откако арбитрите го исклучија Кире Лазаров.

„Очекувам да се вратиме во игра. Да фатиме приклучок. Ништо не е загубено, затоа што овој тим има шанса за напредок. Јас верувам во успех. Тешко е да се најде објаснување за поразот од Чешка, но јас знам дека овој тим учел на искуството од претходните турнири и знам колку мотивирани и колку подготвени за борба може да бидат играчите“, рече Брeнд.

Медиумите во Германија, сепак, не се преоптимистични. За нив со поразот од Чешка речиси завршија и шансите за пласман на квалификациски турнир на ЛОИ, а со играта во првиот меч се скептични и за евентуалниот пласман во следната рунда.

„Не е време за анализи и промени. Сè уште имаме шанси за да одиме на ЛОИ, затоа не е време за промени“, додаде легендарниот тренер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ