сабота, 27 јули 2024

Хајдук го освои Купот на Хрватска, прв трофеј по девет години (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Хајдук конечно имаше добра сезона, беше во трка за шампионската титула до самиот крај, не успеа да го престигне Динамо Загреб, но и Купот на Хрватска е трофеј на кој можат да бидат горди.
 
Дарко Велковски ги одигра сите 90 минути за Ријека, а Јани Атанасов остана на клупата на Хајдук.
 
Ријека поведе со гол на Дрмиќ во 13. минута, но десетина минути подоцна Хајдук успеа да изедначи со гол на Феро.
 
Во 36. минута Мелњак погоди за комплетен пресврт и водство на Хајдук од 2-1, а пет минути подоцна работите за Ријека станаа уште полоши откако Смолчиќ заработи втор жолт картон.
 
Победата за Хајдук ја завери Мелњак со својот втор гол на мечот, овојпат погоди по десет минути игра во вториот дел.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ