среда, 29 мај 2024

Хајделберг факултет во Скопје, студирање во Македонија, диплома од Германија

По повеќегодишно функционирање како едукативна установа преку спроведување на академии, курсеви и обуки, Хајделберг факултетот ( Heidelberg Faculty of Skopje) прераснува во акредитирана високообразовна институција откако од Министерството за образование и наука ги доби сите решенија неопходни за отпочнување на работа и објава на првиот конкурс за прием на студенти.

Објавено на

часот

Сподели

Согласно студиската програма ќе биде објавен Конкурс за прием на студенти на додипломските акредитирани студии со двојна диплома (германска и македонска), и тоа: Бизнис администрација: банкарство, осигурување и контролинг (30 студенти) и Податоци и компјутерски науки (30 студенти).

„Долго работевме на реализација на тоа да го донесеме германскиот начин на образование во Македонија и затоа сме особено горди и задоволни што можеме да објавиме дека по завршување на сите процедури неопходни за акредитација на Heidelberg Faculty of Skopje како високо образовна институција за скоро ќе можеме да ги примиме и нашите први студенти. Ова е за првпат во земјите од Западен Балкан да се студира на германски (ЕУ) студии, кои, од Универзитетот од СР Германија се директно признаени во 75% од целата настава (или 135 ЕКТС) во Скопје. Остатокот од 25% ќе се работи во 6-тиот семестар со изработка на дипломска работа и завршна проектна задача (во Германија на нашите универзитети). Со тоа, младите од регионот на Западен Балкан ќе можат да се стекнат со диплома за завршено високо образование во Германија, но по трошоци за студирање како во македонскиот образовен систем“, велат во заедничката изјава претседателот на управата во Германија, проф. д-р Улрик Цајтел и проф. д-р Синиша Наумоски, претставник во Македонија на Heidelberg Faculty of Skopje.

Во рамки на Heidelberg Faculty of Skopje од сега натаму, ќе функционираат Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ) и Хајделберг институтот за бизнис и менаџмент кои обезбедуваат стручни обуки во област на банкарството, финансии, контролинг, проект менаџмент и повеќе насоки од областа на информатичките технологии.

Oд 2018 година Institute for Bussines and management Heidelberg Faculty of Skopje има акредитирано 4 академски програми за магистерски студии и тоа:

  • МБА во финансии и контролинг (60 ЕКТС)
  • МБА во финансии и контролинг (120 ЕКТС)
  • Управување со деловни податоци и деловна информатика (60 ЕКТС)
  • Управување со деловни податоци и деловна информатика (120 ЕКТС)

Во изминативе години повеќе од 1.000 студенти успешно ги завршија обуките кои ги спроведуваше Heidelberg Faculty of Skopje, преку првата македонска банкарска академија АБИТ и Хајделберг институт во Скопје под менторство на предавачи со богато работно искуство и стручно подготвени наставни програми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ