понеделник, 21 октомври 2024

Хакан Фидан, министерот за надворешни работи на Турција во дводневна официјална посета на Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, кој доаѓа во дводневна официјална посета на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МНР, фокус на разговорите Муцунски – Фидан ќе бидат билатералните политички односи, зајакнувањето на економската соработка, искористувањето на инвестициските можности и унапредувањето на соработката во други области од заемен интерес.

Според агендата, двајцата министри најпрво ќе имаат тет-а-тет средба, па билатерална средба на која ќе присуствуваат и делегации од двете министерства, а потоа ќе одржат и заедничка прес-конференција.

Фидан ќе го посети и Собранието на Македонија каде ќе има средба со спикерот Африм Гаши. 

Турскиот шеф на дипломатијата синоќа беше пречекан на скопскиот аеродром од замениник министерот за надворешни работи Зоран Димитровски.
Република Турција е наш голем пријател и сојузник во НАТО алијансата и развојот на билатералните односи со оваа земја е меѓу врвните приоритети на нашата надворешна политика, напиша Димитровски на својот фејсбук-профил.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ