петок, 26 јули 2024

Хаарец: Слабата дисциплина и самоволието на израелските офицери се основната причина за смртоносниот напад на хуманитарците

Слабата дисциплина и самоволието на израелските офицери на теренот се основаната причина за смртоносниот напад на хуманитарните работници во Појасот Газа, пишува денес израелскиот весник Хаарец, повикувајќи се на воени извори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Причината, како што наведува весникот, не биле никакви проблеми во координацијата на израелската војска со хуманитарната организација Светска централна кујна, чии седум активисти беа убиени во израелски воздушен напад.

Загинаа активисти кои во Газа воделе народна кујна, и тоа државјанка на Австралија, еден Полјак, Британец, жители на палестинската самоуправа на Западниот брег и еден човек со двојно американско и канадско државјанство.

Шефот на Генералштабот на војската на Израел Херци Халеви го опиша нападот како тешка грешка која не смеела да се случи. Хаарец пишува дека врвот на војската точно ги знае причините, бидејќи во Газа на терен „секој прави што сака“.

Воените прописи, според весникот, пропишуваат дека секој ангажман против деликатни цели мора да има одобрение од високи воени функционери, некогаш и од самиот Генералштаб. Но во војната во Појасот Газа „секој командант ги одредува сопствените цели“ и има своја интерпретација на командите. Во овој случај, не е јасно дали е побарана дозвола од високата команда за воздушниот напад.

Според Хаарец, повод било наводното идентификување и сомнеж дека во конвојот на ВЦК има палестински терорист. Една израелска единица, наводно, пред влегувањето на конвојот во складиштето идентификувала вооружен маж, пишува весникот повикувајќи се на неименувани функционери на министерството за одбрана.

Кога конвојот од три возила го напуштил магацинот, мажот веќе не бил во него. Сепак, нареден е напад со дронови на едно од возилата. Неколку патници го напуштиле погоденото возило и преминале во другите две. Тие го продолжиле возењето, и дури ги известиле надлежните израелски власти што се случило и дека се нападнати.

Неколку секунди подоцна уште едно возило го погодила ракета, а третото експлодирало кога се обиделе да ги префрлат ранетите во третото возило, пишува Хаарец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ