сабота, 27 јули 2024

Хаарец: Хамас даде контрапредлог за договорот за размена на заложници

Палестинското милитантно движење Хамас им претстави на преговарачите контрапредлог за договорот за размена на заложници во индиректните преговори за постигнување прекин на огнот во војната во Газа, објави израелскиот весник Хаарец.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Предлогот предвидува ослободување на израелските заложници во замена за Палестинци од израелските затвори и постепено повлекување на израелската војска од Појасот Газа по 42-дневен прекин на огнот, објави во неделата Хаарец, повикувајќи се на палестински и арапски извори.

Хамас претходно го отфрли американскиот компромисен предлог за ослободување на 40 заложници во замена за 900 палестински затвореници за време на шестнеделно примирје.

Хаарец наведува дека во контрапредлогот на Хамас се бара израелската војска да престане со борбите во првичниот шестнеделен прекин на огнот и да се повлече од урбаните центри. Во исто време, на бегалците да им се овозможи да се вратат на север на Појасот. Во овој период Хамас ќе ги пронајде сите заложници во борбените области и ќе ја утврди нивната здравствена состојба.

Во втората фаза израелската војска би се повлекла на територијата на Израел, па дури потоа би почнала размената на приведените, пишуваат израелските медиуми.

За секој израелски цивил би биле ослободени 30 палестински затвореници, а за секој војник 50 Палестинци, од кои 30 отслужуваат доживотна казна. Израелските војници и загинатите заложници би биле предадени во третата и последна фаза, кога ќе заврши опсадата на Газа и ќе почне реконструкција на областа.

Израел претходно процени дека околу 100 од околу 130 заложници кои останаа во палестинската енклава се живи. Сега стравува дека многу повеќе се мртви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ