петок, 28 февруари 2025

Гвардиола среде ноќ тропнал кај Нејмар: Излегов по боксерки и пред мене се појави Пеп и татко ми

Нејмар раскажа како во 2012 година, Пеп Гвардиола се обидел да го убеди да му се придружи во неименуван клуб (Баерн Минехн) и да го направи најдобриот фудбалер во светот.

Објавено на

часот

Сподели

Нејмар гостуваше во еден поткаст во родниот Бразил и начна многу теми од неговата кариера. Во една од разговорите, напаѓачот објасни како Пеп Гвардиола во 2 сабајле му дошол дома, го убедувал да му се придружи во неименуван клуб (Баерн Минхен) и да го направи најдобриот фудбалер во светот.

„Бев по боксерки, ја отворив вратата и го гледам Пеп со мојот татко и преведувач. Веднаш облеков шорцеви и маичка и седнав во собата“ – вели Нејмар.

„Во тој момент, Гвардиола немаше тим. Ми рече, „Сакам да те однесам во тимот каде што ќе се преселам. Ќе те направам најдобриот фудбалер во светот“. Ми покажа неколку листови хартија, го отвори лаптопот и порача, „Ќе играш на оваа и оваа позиција. Ќе играш вака, ќе го правиш ова и ова. Ако не постигнеш 60 погодоци во годината, ќе си го сменам името“. Му објаснив дека сето ова е убаво, но го прашав во кој клуб ќе треба да направам трансфер. Во прв момент одби да каже, но некако го убедив, „Ќе потпишам со Баерн. Знам дека е ладно во Минхен, но ќе се погрижам да имаш се“. Јас на крајот одлучив да се преселам во Барселона“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ