петок, 18 октомври 2024

Гвардиола – селектор на Аргентина?

Објавено на

часот

Сподели

Гвардиола, кој се смета за човек што ја направи совршена визијата на Јохан Кројф околу модерниот фудбал, е желба на Аргентинците за да ги предводи на СП во Бразил во 2014 година, до третата светска круна. За Гвардиола е привлечен фактот што Аргентина има еднакво талентиран тим како и Барселона (во последната деценија Аргентина извади најмногу врвни фудбалери), а присуството на Лионел Меси може да биде дополнително привлечно за шпанскиот тренер.

Пеп е најтрофејниот тренер на сите времиња во историјата на Барселона, иако само четири години е на клупата на Каталонците. Тој секоја година потпишува нов договор за соработка, а медиумите веќе најавија дека во јуни Гвардиола ќе ја заврши одисејата во Барселона.

Манчестер јунајтед и Интер засега се споменуваните клубови како можна следна дестинација на Гвардиола, иако шансата за светско злато е привлечна двојно повеќе од кој било друг трофеј. Можниот ангажман на Гвардиола во Аргентина дефинитивно ќе наиде на одобрување на целата јавност и легендите, затоа што во изминатите десет години ниту еден тренер ја немаше комплетната поддршка на сите Аргентинци.

„Ако АФА осигури доволно пари и финансиски услови, тој би можел да биде наш следен селектор. Тоа би било сон за секој Аргентинец“, рече Хулио Грандона, првиот човек на АФА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ