сабота, 27 јули 2024
Се подготвувал рекорден трансфер

„Гвардиола сакаше да плати 100 милиони за да ме ангажира, но моето срце одбра друго“

Леонардо Бонучи открива дека Пеп Гвардиола притискал за негов трансфер во Манчестер Сити, „граѓаните“ биле подготвени да одвојат рекордни 100 милиони фунти за ангажман на дефанзивецот.

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот дефанзивец на Јувентус, Леонардо Бонучи во разговор со Сан откри дека можел да биде најскапиот дефанзивец во светот.

„Во 2016, бев блиску до договор со Манчестер Сити. Понудија речиси 100 милиони фунти (околу 115 милиони евра), но со клубот заедно решивме дека останувам во Јувентус“ – вели Италијанецот.

„Имаше дискусии и во 2017, кога Јувентус ме стави на продажба…. На крајот, работите се случија како што требаше да се случат“.

„Соработка со Гвардиола ќе беше големо достигнување, сигурно ќе станев подобар играч, но не можам да се жалам бидеќи освоив многу трофеи, индивидуални награди и Европско првенство“.

„Секогаш одлучував со срцето, затоа и останав во Јувентус“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ