сабота, 27 јули 2024
Задоволен и покрај то што заврши победничката серија на Сити

Гвардиола: Пред 48 часа го испивме целиот алкохол во Манчестер но против Брајтон покажавме зошто сме шампиони

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер Сити повеќе од три месеци ги „мелеше“ противниците во Премиерлигата, „граѓаните“ наредија 12 победи во низа, но серијата беше прекината вечерва, Брајтон го запре старо-новиот шампион на Англија.

Сепак, Пеп Гвардиола нема замерки за своите играчи и смета дека во сосема добро светло се прикажале ако во предвид се земе тоа колку алкохол испиле пред два дена.

„Извонреден натпревар, честитки до Брајтон за заслужениот пласман во Лига Европа“ – рече Пеп Гвардиола.

„Каков натпревар одигравме… пред 48 часа го испивме сиот алкохол во Манчестер, но вечерва покажавме зошто сме шампиони“.

„Малку бев загрижен дека ќе имаме пад, но бевме одлични“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ