Гвардиола на последните 11 натпревари има само една победа, тоа досега никогаш не му се има случено.
Манчестер Сити има повредени фудбалери, но и покрај тоа има исклучително силен прв состав со многу скапи ѕвезди.
Сепак Пеп Гвардиола постојано се жали дека проблем му се повредените фудбалери, така е и овојпат.
„Знам дека ќе се вратиме. Тоа што го сакам е моите фудбалери да се вратат, да имам состав“, вели Гвардиола.
„Составот е навистина добар, проблем е што го немам. Не е проблем дали тие се добри или лоши фудбалери, не се работи за тоа, проблем е што ги немаме“.
Стартери за Сити на последниот дуел беа: Едерсон, Гвардиол, Диаш, Вокер, Силва, Гундоган, Нуњеш, Фоден, Де Брујне, Доку и Халанд, а од клупа влегоа: Ковачиќ, Грилиш и Савињо.