петок, 13 декември 2024
Реал Мадрид има еден од најубавите стадиони во Европа и светот

Гвардиола импресиониран од новиот „Бернабеу“, но има една замерка: Флорентино Перез мора итно да корегира

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е импресиониран од новиот „Сантијаго Бернабеу“, но вели дека тревата не е на потребното ниво и Флорентино Перез мора итно да го корегира ова.

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид и Манчестер Сити синоќа приредија фудбалски спектакл, со многу пресврти и шест гола, на крајот резултатот гласеше 3-3.

Пред натпреварот, Пеп Гвардиола доби неколку прашања за новиот „Сантијаго Бернабеу“, чија реконструкција чинеше нешто под 1 милијарда евра, и сега стадионот важи за еден од најубавите во Европа и светот.

Стратегот слични прашања доби и по крајот на средбата, а тој упати една замерка, не чинела тревата.

„Стадионот е навистина импресивен, сепак не ми се допаѓаше тоа што покривот беше затворен, преферирам да го гледам небото. Исто така мора да се погрижат за тревата, ова мора итно да го корегираат. Флорентино Перез сега треба да се погрижи да имаат добар терен, каков што Реал имал секогаш“ – рече Пеп Гвардиола на средбата со новинарите во подтрибинскиот простор.

На прес конференцијата, тој доби слично прашање и порача: „Не забелажав добро, но играчите ми рекоа дека тревата била прилично лоша. Не сакам Флорентино Перез и луѓето од Реал да ме разберат погрешно, стадионов е спактакуларен, нависитна импресивен. Но кога и да сум играл против Реал, тревата била неверојатна, тепех. За жал денеска не беше така, ќе мора да ја корегираат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ