„Црвените“ се во фокусот изминативе денови откако се случи огромен пропуст на натпреварот против Тотнем, кога на резултат 0-0 не беше признаен регуларен гол на Луис Диаз.
ВАР не си ја заврши работата, па Јирген Клоп повика на преигрување на натпреварот.
Новинарите го запрашаа Пеп Гвардиола што мисли за целата ситуација, а тренерот на Манчестер Сити повика да се стави крај на контроверзијата.
„Беше направена грешка и треба да се прифати! Луѓето прават грешки, а ВАР е тука да ги исправи, но некогаш и тоа не е доволно. Се надевам дека тука ќе биде крајот и во иднина работите ќе бидат подобри. ВАР се имлементираше за играта да биде пофер и се надева дека во иднина само ќе биде подобро“ – вели Шпанецот.