сабота, 27 јули 2024
Лига на шампиони

Гвардиола: Ако мислевте дека ќе дојдеме на Бернабеу и ќе победиме со 6-0, тоа е ваш проблем

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер Сити пред дуелот со Реал Мадрид изгледаше моќно, за разлика од кралскиот клуб кој не блескаше во Ла Лига.

Реал Мадрид во изминатите години покажа колку е силен и моќен, но импресијата на некои луѓе вели дека Манчестер Сити е многу подобар во моментов.

Новинарот на „Беин Спортс“ го праша Пеп: „Сите мислеа дека ќе видеме како Сити го прегазува Реал Мадрид“.

Пеп Гвардиола му одговори: „Кој е сите? Дали знаете против кој играме? Дали знаете колку титули во Лигата на шампионите имаат тие? Ако мислевте дека ќе дојдеме тука и ќе победиме со 6-0 тоа е ваш проблем, не е мој“.

„Кога ние бевме подобри, тие постигнаа гол, кога тие беа подобри, ние постигнавме гол. Тесен, тесен натпревар. Понекогаш имавме добри поменти, понекогаш беше тешко. Следната среда пред нашите навивачи ќе биде како финале“.

„Тие имаат големо искуство и квалитет. Сега во Манчестер ќе видиме што можеме да подобриме за тој дуел“.

„Кога играте вакви натпревари учите од нив, се надевам дека ќе можеме да научиме да се браниме подобро и да напаѓаме подобро“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ