сабота, 27 јули 2024

Гувернерот на Тексас: Бајден треба да учи од Путин (ВИДЕО)

Гувернерот на Тексас Грег Абот го обвини претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден, за време на интервју за Фокс њуз, дека лично тој е виновен за укинувањето на сите мерки за борба против нелегалната миграција. Исто така, Абот го советуваше Бајден дека може многу да научи од рускиот претседател Владимир Путин кога станува збор за одбраната на интересите на сопствената држава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Гувернерот на сојузната американска држава Тексас изнесе податок дека повеќе луѓе ја минуваат границата со Мексико во еден ден, отколку што пристигнуваат во Њујорк за време на една недела или дури месец.

„Само кога претседателот би се бавел со реалните внатрешни проблеми и би престанал со обидите да си игра со Путин, од кој треба да научи како да работи во интерес на сопствената држава, сè би било поинаку“, истакна Абот.

Претходно тексашките власти најавија дека ќе постават ограда со бодликава жица долж целата граница со Мексико, поради што должината на пречката за нелегалните мигранти би била зголемена на дури 3.000 километри. Освен тоа, државата Тексас распореди припадници на Националната гарда на најзагрозените места на границата, а за ова доби поддршка од други американски држави.

Заменик гувернерот на Тексас Ден Патрик истакна дека сојузните власти на САД ќе мора да користат „многу клешти за сечење жица“ доколку им пречи одлуката на Тексас. Тој наведе и дека конфликт со тексашката Национална гарда и другите локални безбедносни сили би била огромна грешка за Вашингтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ