сабота, 27 јули 2024

Гувернерот на Крим: Тинејџерка убиена во украински напад со дрон, оштетени се четири згради

Објавено на

часот

Сподели

„Како резултат на нападот со непријателски дрон, четири административни згради се оштетени на северозападот на Крим“, напиша Сергеј Аксионов на Телеграм истакнувајќи дека загинала тинејџерка.

Надлежните служби се мобилизирани на местото на нападот, кажа локалниот гувернер на полуостровот Крим кој се спои со Русија во 2014 година.

руските медиуми објавија дека девојчето имало 14 години и дека се викала Ирина.

Крим од почетокот на конфликтот во Украина на крајот на февруари 2022 е редовна мета на воздушни и поморски напади со беспилотни летала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ