сабота, 27 јули 2024

Гувернерката предупредува: Цените на храната не се прилагодени, двојно се повисоки од светските

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска денеска оцени дека во земјава нема позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната. Ако се спореди нивото на цените на храната со предпандемискиот период, тие, како што рече, се речиси двојно повисоки од нивото на светските цени на храната.

Објавено на

часот

Сподели

Одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на најновите макроекономски проекции, Ангеловска-Бежоска истакна дека е позитивно тоа што согласно меѓународните финансиски институции, се проектира натамошен пад на цените на храната оваа година, а стабилизирање на нивното ниво наредната година, што остава простор за одредени надолни корекции.

„Ако се погледне движењето на светските цени на храната од средината на 2022 година, има речиси континурано намалување, но според последните податоци, се уште не се вратени на предпандемиското ниво и се повисоки за околу 17 – 18 отсто. Доколку овие трендови ги споредиме со трендовите во домашната економија, може да констатираме дека не се целосно синхронизирани. Кај нас, растот на цените на храната почна подоцна од растот на светските цени на храната и се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната“, вели гувернерката.

Таа потсети дека ценовната политика е детерминирана од повеќе фактори.

Постепено забрзување на економскиот и забавување на ценовниот раст, просечна стапка на инфлација од 3,5 отсто и постепено забрзување на кредитната активност во следниот тригодишен период, се проекциите на Народната банка содржани во најновиот Квартален извештај што го презентира денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Според проекциите, се предвидуваат стапки на раст на БДП од 2,6 отсто во 2024 година и од 3,6 проценти во 2025-та.

За 2026 година, како што истакна Ангеловска-Бежоска, се очекува умерено забрзување на растот, во услови на поповолно надворешно окружување, постабилен амбиент и поголема склоност за потрошувачка и инвестиции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ