понеделник, 28 октомври 2024

Гутереш за БРИКС: Сите самити помагаат во решавањето на глобалните проблеми

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска, по повод посетата на самитот на БРИКС во Казан, Русија, изјави дека сите самити „помагаат во решавањето на глобалните проблеми“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Имав можност да го посетам Казанскиот Кремљ, тој е како прекрасно светско чудо. Верувам дека сите самити на кои земјите се обединуваат се од клучна важност бидејќи помагаат во решавањето на глобалните проблеми“, рече Гутереш, а пренесува Некста.

Од 22 до 24 октомври во Казан се одржа самит на лидерите на БРИКС, на кој присуствуваше Гутереш, во својата прва посета на Руската Федерација по повеќе од две години.

Украинското Министерство за надворешни работи ја осуди ваквата одлука на генералниот секретар и додаде дека Гутереш му штети на угледот на ОН.

Претходно, заменик-портпаролот на генералниот секретар на ОН, Фархан Гак, изјави за новинарите дека патувањето на Антонио Гутереш во Русија на самитот БРИКС во Казан е „стандардна пракса“, и дека во исто време, ставот на генералниот секретар на ОН во врска со руската војна против Украина останува непроменет.

На самитот Гутереш им порача на лидерите на БРИКС, вклучувајќи го и рускиот претседател Владимир Путин, дека на светот му треба мир во Украина, Газа, Либан, Украина и Судан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ