сабота, 27 јули 2024

Гутереш по повод Денот на жената: За да се стави крај на патријархатот потребни се пари

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш по повод Меѓународниот ден на жената изјави дека за ставање крај на патријархатот потребни се пари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мораме да ги поддржиме женските организации на првата линија. И мора да инвестираме во програми за борба против насилството врз жените и да го поттикнеме вклучувањето и лидерството на жените во економиите, дигиталните технологии, градењето на мирот и климатските акции“, рече тој.

Сето ова, додаде тој, зависи од обезбедувањето финансиски средства за одржлив развој за земјите да имаат на располагање средства за инвестирање во подобрување на положбата на жените и девојките.

„Исто така, треба да го зголемиме бројот на жени лидери во бизнисот, финансиите, централните банки и министерствата за финансии. Ова може да помогне да се привлечат инвестиции за политики и програми кои ќе одговорат на потребите на жените и девојките“, рече Гутереш.

Жените и девојките постигнаа голем успех рушејќи ги бариерите и рушејќи ги стереотипите, додаде тој, но сепак се соочуваат со огромни пречки.

„Милијарди жени и девојки се соочуваат со маргинализација, неправда и дискриминација, додека упорната епидемија на насилство врз жените е срам за човештвото. Со сегашната стапка, правната еднаквост е оддалечена околу триста години. Мора да бидеме побрзи. На Меѓународниот ден на жената стоиме со жените и девојките кои се борат за своите права и се обврзуваат да го забрзаат напредокот“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ