Ова е најновото обвинение против израелските „прекршувања“ и напади врз мировната мисија на Обединетите нации, познати како УНИФИЛ, кои се случија во последните денови, според Ројтерс.
„Мировниците на УНИФИЛ остануваат на сите позиции, знамето на ОН сè уште се вее“, изјави портпаролот на Гутереш, Стефан Дижарик.
Гутереш истакна дека персоналот на УНИФИЛ и нивните простории никогаш не смеат да бидат цел.
„Нападите врз мировниците се спротивни на меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право. Тие може да претставуваат воено злосторство“, заклучи тој.
Претходно вечерта израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара од мировните сили на ОН веднаш да се повлечат од јужен Либан, бидејќи, според него, „терористичката група Хезболах ги користи меѓународните трупи како жив штит“.