сабота, 19 октомври 2024

Гутереш: Либан не смее да стане уште една Газа (ВИДЕО)

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека Либан не може да стане уште една Газа и повика на прекин на непријателствата меѓу Израел и либанскиот Хезболах.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Да кажеме со еден јасен глас, престанете со убиствата и уништувањето. Отфрлете ја реториката и заканите. Оддалечете се од работ. Сеопфатна војна мора да се избегне по секоја цена“, рече Гутереш пред 15-члениот Совет за безбедност на ОН.

Повеќе од 130 светски лидери се собираат во Обединетите нации следната недела додека војните на Блискиот Исток и Европа продолжуваат со закана да ескалираат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ