„По 14 години брутална војна и падот на диктаторскиот режим, сирискиот народ денес може да ја искористи историската можност да изгради стабилна и мирна иднина“, рече Гутереш.
Генералниот секретар на ОН повторно апелираше „на смиреност и избегнување насилство во овој чувствителен момент“ и додаде дека треба да се заштитат правата на сите Сиријци.
Сириската влада падна вчера раноутро, означувајќи го крајот на 50-годишното владеење на семејството Асад по ненадејната бунтовничка офанзива низ територијата што ја држеше и во главниот град Дамаск.