сабота, 27 јули 2024

Гутереш: Блискиот Исток е на раб на конфликт во целосен размер, потребна е максимална воздржаност

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека Блискиот Исток е „на работ“ на конфликт во целосен размер и ги повика сите актери на максимална воздржаност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Блискиот исток е на работ. Жителите на регионот се соочуваат со реална опасност од разорен конфликт во целосен размер. Сега е време за деескалација“, рече Гутереш на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН во врска со иранскиот напад врз Израел, пренесува Ројтерс.

Тој нагласи дека меѓународната заедница има заедничка одговорност за обезбедување итен прекин на огнот во Појасот Газа.

„Имаме заедничка одговорност да обезбедиме итен хуманитарен прекин на огнот во Газа, безусловно ослободување на сите заложници и непречена испорака на хуманитарна помош“, рече Гутереш.

Тој исто така укажа на заедничката одговорност за ставање крај на насилството на окупираниот Западен Брег и враќање на безбедната пловидба во Црвеното Море.

„Имаме заедничка одговорност да работиме за мир. Ниту регионот, ниту светот не можат да си дозволат нови војни“, нагласи тој.

Седницата на Советот за безбедност на ОН се одржа на барање на Израел, откако Иран во ноќта меѓу саботата и неделата лансираше стотици беспилотни летала и проектили кон Израел како одмазда за израелскиот напад врз иранската дипломатска мисија во Дамаск.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ