сабота, 27 јули 2024

Гутереш: 2024 нека биде година на враќање на довербата и на надежта

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во видеопорака повика 2024 година да биде година на обнова на довербата и враќање на надежта по 2023 година, која, како што рече, била година на огромни страдања, насилство и природни катастрофи предизвикани од климатските промени.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Гутереш предупреди дека војните во светот се сè повеќебројни и покатастрофални и затоа 2024 година мора да биде година за враќање на довербата и враќање на надежта.

„Човештвото е во болка. Нашата планета е во опасност“, предупреди Гутереш.

Генералниот секретар потсети дека 2023 година беше најтоплата година во историјата и дека луѓето низ светот се погодени од растечката сиромаштија и глад.

„Мораме да се погрижиме и новите технологии, како што е вештачката интелигенција, да бидат сила на доброто“, рече Гутереш.

На крајот од видеопораката тој посака среќна и мирна Нова година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ