Гутереш предупреди дека војните во светот се сè повеќебројни и покатастрофални и затоа 2024 година мора да биде година за враќање на довербата и враќање на надежта.
„Човештвото е во болка. Нашата планета е во опасност“, предупреди Гутереш.
Генералниот секретар потсети дека 2023 година беше најтоплата година во историјата и дека луѓето низ светот се погодени од растечката сиромаштија и глад.
„Мораме да се погрижиме и новите технологии, како што е вештачката интелигенција, да бидат сила на доброто“, рече Гутереш.
На крајот од видеопораката тој посака среќна и мирна Нова година.