Оваа награда е поддршка на локалните буџети што овозможува понатамошно помагање на локални проекти иницирани од небуџетни организации и Македонија осигурување ВИГ ја добива по втор пат.
Претседателот на Надзорниот одбор на ВИГ Габор Лехел доделувајќи ја наградата ја нагласи важната работа на Македонија осигурување во подобрување на животите на децата.
„Одговорноста е една од основните вредности на ВИГ и со ова, ние пред се мислиме на нашето високо ниво на општествена одговорност. Тоа е многу позитивен знак дека нашите компании продолжуваат да покажуваат високо ниво на општествена посветеност, дури и во генерално тешки времиња со многу предизвици. Една од овие компании е Македонија осигурување, која е долгогодишен партнер на добротворната организација СОС Детско село, а исто така работи и со организацијата Проект среќа“, рече Лехел.
Генералниот менаџер Бошко Андов нагласи колку се важни вредностите за одржливост, одговорност и доверба, и како Македонија осигурување се труди да ги вклучи во секој аспект од работењето и делувањето особено преку вклучувањето на вработените во општествено активните денови (Social Active Day).
„Нашите проекти за поддршка и унапредување на општеството се насочени во потпомагање на неколку сфери од живеењето и тоа: поддршка на ранливи групи, екологија и одржливост, спорт и култура. Сметаме дека едно општество може да биде здраво само ако сите заеднички се вклучиме во негово унапредување и делуваме здружно и несебично“, нагласи Андов.
На настанот беа врачени признаници за општествена активност за организациите кои Македонија осигурување ги потпомага во нивните хуманитарни проекти и акции: СОС Детско село, Проект Среќа, Агенда 21, СУГС Јосип Броз Тито.
Наградата за општествена свест Гунтер Гејер се доделува секоја година за најзабележително општествено активните компании од групацијата на ВИГ. Вкупниот износ на сите награди е 100.000 евра кои ќе се искористат за потпомагање на општествени проекти во иднина и уште повеќе ќе ги мотивираат компаниите да се насочуваат кон оваа значајна вредност.
Годинешната почесна награда доделена на Македонија осигурување е во износ од 10.000 евра.