сабота, 19 октомври 2024
Ла Лига

Гундоган со мајсторска асистенција кога Барса се мачеше, „каталонците“ слават прва победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Барселона се намачи за да ги освои трите бода против Кадиз, гостите пружија силен отпор и имаа неколку прилики да го шокираат фаворитот.

Избраниците на Чави поведоа дури во 82. минута, Гундонган со мајсторска асистенција го вметна Педри во шанса, а младиот фудбалер не погреши и реализираше за 1-0.

Конечните 2-0 беа поставени во 94. минута, Торес избегна една офсајд замка, излезе сам пред противничкиот голман и со лева го матираше за 2-0.

Претходно, Жирона со 3-0 го совлада Хетафе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ