сабота, 19 октомври 2024
Германецот не сака да ризикува

Гундоган побарал специјална клаузула за да потпише со Барса

Објавено на

часот

Сподели

Барселона заврши голема работа и го ангажираше Илкај Гундоган, кој беше приоритет и топ трансфер цел на Чави ова лето.

Директорот за фудбал, Матеу Алемани денеска отпатува во Минхен да ги испегла деталите и да го обезбеди потписот.

Како што пренесува Спорт, Германецот побарал специјална клаузула за да се преели на Камп Ноу.

Илкај Гундоган инсистирал да добие одврзани раце за заминување доколку не биде регистриран пред почетокот на новата сезона во Ла Лига, односно не сакал да се најде во ситуација како Жил Кунде, кој беше во неизвесност неколку дена.

Барса се надева дека ќе нема проблеми од ваков тип и договорот на Илкај Гундоган ќе биде регистриран веќе на почетокот од јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ