сабота, 27 јули 2024

Гуми, покуќнина и секакво ѓубре извлечени од Охридското Езеро (ФОТО)

Стари гуми, покуќнина и разно ѓубре се извадени од Охридското Езеро во акција за чистење што ја спроведоа нуркачи од „Клубот за подводни активности“ од Охрид,

Објавено на

часот

Сподели

Согласно годишната програма на Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад при Општина Охрид за 2023 година, спроведена е акција за чистење на дното на Охридското Езеро на потегот пред село Пештани, информира Општина Охрид преку својата интернет страница.

Од дното на езерото е извадено поголемо количество отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња и покуќнина, информираат од Општина Охрид.

Покрај физичкото отстранување на отпад цел на акцијата е и подигање на јавната свест на населението за потребата од грижа и заштита на Охридското Езеро од загадување. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ