сабота, 27 јули 2024
„Кралевите“ го промовираа големиот турски талент

Ѓулер: Барса достави понуда, но заборавив на се друго кога Реал се јави

Објавено на

часот

Сподели

18 годишниот Арда Ѓулер важи за голем талент, многу клубови се обидоа да го ангажираат, Барселона беше блиску до неговиот потпис, но на крајот Турчнот заврши во Реал Мадрид.

„Добив многу понуди, но мојот приоритет беше Реал Мадрид“ – вели Арда Ѓулер.

„Неколку клубови, помеѓу кои и Барса, беа заинтересирани за мене, но кога се јави Реал Мадрид, заборавив на се друго“.

Во Реал Мадрид има голема конкуренција во средниот ред, па Арда Ѓулер беше запрашан дали размислува за позајмица.

„Ја отфрлам можноста да одам на позајмица, сакам да останам во Реал Мадрид“.

„Ми беше кажано дека ќе добијам шанса и сакам да ја искористам. Повторувам, не размислувам за заминување на позајмица“.

„Разговарав со Анчелоти во неколку наврати, ми кажа што очекува од мене и каде ќе ме стави да играм.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ