сабота, 27 јули 2024

Гугл го призна нелегалниот ќар, но ќе си го задржи

Објавено на

часот

Сподели

Во рекламите се вклучени неофицијални препродавачи на билети за Олимписките игри во Лондон 2012, како и продавачи на марихуана и на фалсификувани лични карти.
Овие реклами биле отстранети веднаш откако Би-би-си укажа на нив. Гугл прифати да соработува со полицијата и да им ги даде сите потребни информации за нелегалните препродавачи на олимписки билети.
Но компанијата, во изјавата за медиумите, инсистира дека ќе ги задржи сите пари заработени од рекламирање нелегални услуги пред да бидат отстранети таквите реклами.
Продавањето билети на слободен пазар без дозвола од Олимписките надлежни органи е криминален чин во Велика Британија, според Законот за Олимписки и параолимписки игри од 2006.
„Кога ќе нè информираат за реклами што ги нарушуваат нашите начела, ние ги истражуваме и ги отстрануваме ако има одлука за тоа“, изјавуваат од Гугл.
„Иако Гугл АдВордс обезбедува платформи за компаниите да ги рекламираат своите услуги, ние не сме одговорни за нив, ниту пак сме во можност да ги следиме активностите на секоја компанија“.
Гугл соработува со полицијата во пронаоѓањето и фаќањето на нелегалните препродавачи, но инсистира дека ќе си ги задржи заработените пари. Тоа во минатото ги чинеше скапо. Тие во август минатата година мораа да исплатат 500 милиони долари поради рекламирање на канадски онлајн-аптеки што продаваа нелегални лекови во САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ