четврток, 19 септември 2024

Грузискиот парламент го донесе законот против промовирањето геј односи и инцест

Грузискиот парламент денес го усвои законот за семејни вредности и против промовирање хомосексуални односи, кој Европската Унија, Соединетите Американски Држави и прозападните невладини организации го осудија и го сметаат за ограничување на правата на ЛГБТ заедницата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Законот сличен на оној кој постои во Русија го донесоа пратениците на владејачката партија Грузиски сон во рамки на гласањето кое го бојкотираше опозицијата. Усвојувањето на текстот може да предизвика тензии во кавкаската земја пред одржувањето на клучните парламентарни избори закажани за 26 октомври.

За законот гласаа 84 пратеници, а никој не беше против. Сега треба да го потпише прозападната претседателка Саломе Зурабишвили, а доколку одбие тоа да го направи, потпис ќе стави претседателот на парламентот. Со текстот се забранува промовирање хомосексуални односи и инцест во образовните установи и телевизиските емисии, а ќе бидат ограничени и протести и собири со таква содржина.

Групите за заштита на ЛГБТ правата ја критикуваа формулацијата која ги изедначува инцестот и хомосексуалноста. Европската Унија на почетокот на септември оцени дека „тоа ги ограничува темелните права на Грузијците и ризикува јакнење на стигматизацијата и дискриминацијата на дел од населението“.

Претседателот на парламентот Шалва Папуашвили, кој го поддржа предлог законот, вели дека целта на текстот е „да се зајакне механизмот за заштита на малолетниците и семејните вредности кои се засноваат на заедница на жена и маж“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ