сабота, 27 јули 2024

Грузиската национална авиокомпанија и забрани на претседателката на земјата да лета

Објавено на

часот

Сподели

Русија во мај објави дека ја укинува четиригодишната забрана за директните летови со Грузија и децениските визи за Грузијците кои патуваат во Русија, пренесе Ројтерс.

Претседателката на Грузија ги повика властите да ја спречат руската иницијатива, која тие ја игнорираа.

Тамаз Гајашвили, основачот на приватната компанија „Грузија Ервејс“, изјави дека Зурабишвили сега е „персона нон грата“ и дека нема да ѝ биде дозволено да ги користи услугите на компанијата се додека не „се извини на грузискиот народ“.

Зурабишвили засега се нема огласено.

Иако грузиските власти го поздравија обновувањето на летовите, некои Грузијци, кои сакаат нивната земја да се дистанцира од Москва во корист на Европската унија, демонстрираа во центарот на Тбилиси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ