сабота, 27 јули 2024

Грузија запленила камион полн со експлозив: „Украина сака втор фронт кај нас“

Грузискиот премиер денес ја обвини Украина дека се обидува да ја прошири војната на неговата земја, откако властите заплениле камион полн со експлозив на пат кон Русија. Грузиската безбедносна служба вчера запленила нелегална пратка експлозив која требала да оди за рускиот град Вороњеж, скриена во автомобилски акумулатори. Товарот стигнал по копно од Украина преку Романија, Бугарија и Турција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот потсетува на експлозијата на Кримскиот мост во октомври 2022, за која Москва го обвинува Киев. Камион испратен од Украина тогаш експлодираше на мостот откако пристигна од црноморскиот полуостров по долга рута преку трети земји.

„Ова уште еднаш го потврдува она што во принцип и високо рангираните функционери на украинската влада го зборуваат дека го сакаат: втор фронт и во нашата земја“, кажа вршителот на должноста претседател на грузиската влада Иракли Кобахиѕе.

Тој е именуван како замена за Иракли Гарибашвили кој се повлече минатата недела за партијата Грузиски сон, која е на власт од 2013, да избере некој нов кој ќе ја води на изборите оваа година.

Нејзин основач е Биѕина Иваншвили, најбогатиот Грузиец кој парите ги стекнал со трговија на метали и банкарство во деведесеттите во Русија. Иако олигархот и поранешен премиер се повлече од политиката, аналитичарите сметаат дека тој и понатаму има големо влијание врз грузискиот политички живот. Партијата во Грузија се смета како проруска.

Украинската амбасада во земјата соопшти дека ќе ги истражи обвиненијата на грузиските безбедносни служби за „учество на украински државјани во нелегални активности“ и побара од Тбилиси да не го политизира инцидентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ