Инцидентот потсетува на експлозијата на Кримскиот мост во октомври 2022, за која Москва го обвинува Киев. Камион испратен од Украина тогаш експлодираше на мостот откако пристигна од црноморскиот полуостров по долга рута преку трети земји.
„Ова уште еднаш го потврдува она што во принцип и високо рангираните функционери на украинската влада го зборуваат дека го сакаат: втор фронт и во нашата земја“, кажа вршителот на должноста претседател на грузиската влада Иракли Кобахиѕе.
Тој е именуван како замена за Иракли Гарибашвили кој се повлече минатата недела за партијата Грузиски сон, која е на власт од 2013, да избере некој нов кој ќе ја води на изборите оваа година.
Нејзин основач е Биѕина Иваншвили, најбогатиот Грузиец кој парите ги стекнал со трговија на метали и банкарство во деведесеттите во Русија. Иако олигархот и поранешен премиер се повлече од политиката, аналитичарите сметаат дека тој и понатаму има големо влијание врз грузискиот политички живот. Партијата во Грузија се смета како проруска.
Украинската амбасада во земјата соопшти дека ќе ги истражи обвиненијата на грузиските безбедносни служби за „учество на украински државјани во нелегални активности“ и побара од Тбилиси да не го политизира инцидентот.