сабота, 27 јули 2024

Грузија на пенали ја победи Грција и првпат во историјата ќе игра на ЕП

Грузија слави историски успех, првпат во својата историја ќе настапи на Европско фудбалско првенство откако денеска на пенали ја победи Грција, резултатот по 120 минути беше 0-0.

Објавено на

часот

Сподели

Грузија и Грција одиграа меч со голема борба и тензија, но многу малку шанси во текот на 90 минути. Грците имаа повеќе посед, но Грузијците одлично се бранеа.

Во двете продолженија од по 15 минути имаше многу повеќе шанси отколку во регуларниот тек. Грција ја погоди и пречката од голот на Грузија, но никој не постигна гол ниту во овој период.

Во пенал серијата Грција промаши двапати, Грузија еднаш и домаќините слават историски успех, прво учество на Европско првенство.

Пред три години загубија од Македонија за да ја остварат таа цел, но сега успеаа да ја поминат Грција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ