„Постојат таканаречени жешки линии на комуникација и можностите за итни контакти сѐ уште се на ниво на министрите за одбрана на Русија и САД, но не за наоѓање начини за намалување на тензиите“, рече Грушко, пренесува РИА новости.
Во октомври 2021 година, како одговор на протерувањето на руските дипломати од НАТО, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги објави руските одмазднички мерки: покрај суспендирањето на работата на воената мисија за врски на НАТО во Москва, престана и работата на нејзиното информативно биро, според руската агенција.
Постојаната мисија на Русија во НАТО ја прекина својата работа, а за контакти со Русија од алијансата било побарано да контактира со рускиот амбасадор во Белгија.